Радио Милева Сеќавања...

Нада Топчагиќ низ солзи откри непознати детали за Ибрахимовиќ (видео)

Нада Топчагиќ низ солзи откри непознати детали за Ибрахимовиќ (видео)

Вистинско чудо се случи на отворањето на 71. Фестивал „Санремо“, кога фудбалерот Златан Ибрахимовиќ стапна на сцената во ритамот на песната на Нада Топчагиќ „Јутро је“.

Еден од најдобрите светски фудбалери замолил сам да ја избере песната со која ќе се појави на сцената како специјален гостин. Додека се симнуваше по скалите на познатиот фестивал, кој го следат милиони гледачи во светот, музиката на песна чии стихови велат „Кога ќе те нема, подобро дури и да не се разбудам …“ го следеше секој негов чекор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nada Topcagic (@topcagicnada)

Што се однесува до многумина, ова беше изненадување за Нада Топчагиќ, која не можела да се освести од возбуда:

– Ова е врв на мојата кариера, паднав во транс кога на „Санремо“ ја слушнав песната „Јутро је“. Па, има ли поголема среќа од тоа?!Вака последен пат  се чувствував кога добив бурни овации за песната „Заклањаш ми сунце“ во Домот на синдикати. Немам зборови за да опишам што стори тоа момче – низ солзи и смеа, Нада ја започнува приказната за „Блиц“, а потоа ни открива дека го познава лично Ибрахимовиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nada Topcagic (@topcagicnada)

– Го запознав тоа дете кога имаше 12 или 13 години, ручав со неговиот татко. Сето тоа се случи за време на мојата турнеја во Шведска, па менаџерот кој ги организираше нашите настапи ме покани мене и сопругот на ручек со Ибрахимовиќ. Човекот се однесуваше убаво кон нас. Играше таму за клуб во близина на Малме. Не ми се чинеше дека за 15 години ќе стане бог на спортот и фудбалот.
Нада со насмевка вели дека Златан и тогаш слушал фолк музика.

To top