Познатата фолкерка Нада Топчагиќ (70) се појави во јавноста во необично издание.
Нада на главата имаше огромна инсталација која гордо ја носеше пред припадниците на седмата сила.
– Отсекогаш сум била ваква, секогаш сум била гламурозна и сјајна! Човек тоа треба да го покаже! И внука ми Марија е таква, сето тоа треба да го носите, да го покажете – кажала пејачката пред тамошните камери.
– Тоа сум јас, луѓето тоа го очекуваат од мене! Мојот сопруг ми вели: „Тоа не си ти“, кога ќе се појавам во некое обично издание… Ова сум јас! Мојата внука го влече тоа од мене , се шминка, го има тоа од мене баш е за јавност – додала таа.
Нада не крие дека има помош кога се во прашање нејзините изданија во јавноста.
– Имам луѓе кои ми помагаат околу стајлингот, не правам се сама. Мене тоа ми одговара, ако некој друг го облече, ќе изгледаа како будала. Тоа треба да се покаже. Кога ставам капи изгледам младешки, Господ ми го даде тоа, мајка ми беше убава и без брчки, има нешто и во генетиката. Имам толку многу капи и шапки, да влезете во мојот стан нема каде да седите – неодамна изјави таа.
Фото: Printskrin/Instagram/topcagicnada