Фолк дивата Лепа Брена одржа конференција во Бања Лука за припадниците на седмата сила по повод нејзиниот настап на новогодишната ноќ што ќе го одржи во тој град.
Брена пред камерите проговори за настапот, децата и внуците, како и дека со нетрпение го чека снегот и овој период токму поради нив:
– Овој период треба да има празнична конотација, бидејќи сите се подготвуваат да биде радост и славје, сите се радуваат на снегот, да бидам искрена, јас повеќе го чекам снегот за моите внуци и деца, отколку за самата, бидејќи немам време ни за скијање, ни за било што, бидејќи многу патувам и работам – рече таа, а потоа откри што најмногу ја радува овој период од годината:
– Среќна сум што ќе купувам подароци за другите, и што тие ќе се радуваат по тој повод.
Фото: Printskrin/Instgaram/lepabrenaa