За да се спаси една врска или брак треба многу работа, но постојат граници преку кои не треба да се прејде и кога треба да сфатите оти треба само да го пуштите бројот кој тоне.
Ова се најлошите работи кои можете да ги направите во вашата врска која пропаѓа:
Се правите дека се е во ред
Раскинувањето за некого е срам, па глумат дека се е како што треба. Тоа не вклучува само глума пред роднините и пријателите – паровите кои се трудат со игнорирање да го решат проблемот често глумат и кога се сами.
Се одлучуваат за брак
Сигурно сте слушнале барем за еден пар кој веќе одамна е несреќен, но наместо вести за раскинување, слушате дека ќе се венчаат. Стравот од осаменост кај некои луѓе е толку голем што понекогаш тие се подготвени да направат се за да не дојде до тоа.
Работат на дете
-Многу ни е лошо во врската, можеби работите ќе тргнат на подобро кога ќе добиеме дете – иако ова е погрешен пристап, голем број луѓе се уште така размислуваат.
извор: Курир.мк