Радио Милева нека трепка од убаво

На македонската „Гранд“ ѕвезда животот му е песна: Се ожени, доби ќерка, а сега има нов повод за славење со романтика и премногу љубов (фото)

На македонската „Гранд“ ѕвезда животот му е песна: Се ожени, доби ќерка, а сега има нов повод за славење со романтика и премногу љубов (фото)

Поранешниот македонски учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Стефан Велчичковски, на приватен план доживеа големи промени.

Кај пејачот се’ се врти околу љубовта, па по кратка неколкумесечна врска со водителката Ана Николовска, сега и Величковски, се ожени, а по некој месец ја добија и наследничката која го носи името Зорица.

Стефан, Ана и малата Зорица пулсираат во љубовен ритам покрај море и деновиве отпатуваа на ран летен одмор во Турција, земјата каде пејачот ја запроси саканата.

Очигледно Турција е една од нивните омилени дестинации, па роденденот на Стефан решија да го прослават покрај море во Сиде.

-Романтики и премногу љубов… До крајот на животот да си славиме вака љубов моја – напиша Стефан во описот на фотографијата каде си направиле романтична атмосфера од хотелската тераса. Свеќи, торта, коктели, момент за нив двајцата, веројатно откако заспа малата принцеза која наскоро ќе наполни една година.

Плажа, море, сонце и многу љубов за најубави моменти и уште поубав и незаборавен роденден.

Инаку, Стефан Величковски на музички план моментално е активен челн на „Дипломатик бенд“ кој ги започна настапите од свадбените ангажмани.

фото:Инстаграм/Фејсбук принтскрин

To top