Јелена Карлеуша веста за смртта на нејзината мајка, Дивна ја дознала само што слетала на белградскиот аеродром, откако се вратила во Белград од нејзиниот настап во Велс. Таа настапила во Велс во саботата, 2 март, а се вратила во Белград следниот ден, некаде по 14 часот.
На аеродромот ја сочекале пријателите и соработници Јована Дакиќ и Зоран Бирташевиќ, кои само што влегла во автомобилот и го напуштиле аеродромот, и ја соопштиле трагичната вест.
Дивна Карлеуша починала околу 12:30 во семејниот дом, а Јелена се токму се качувала во авионот на летот за Белград во тоа време. За да не и се слоши на аеродромот во Австрија, нејзините пријатели одлучиле да почекаат да се врати дома, па потоа да ѝ ја кажат тажната вест.