Се чини дека на жените им е полесно да зборуваат за своите несигурности и некако е општествено поприфатливо да ги имаат. Од друга страна, момците ги имаат вообичаените несигурности кои им се наметнуваат уште од детството и се чини дека потешко се справуваат со нив.
Стравовите на повеќето мажи се измислени и неосновани, пренесува Yourtango. Овие стравови ги држат затворени, доведуваат до неодлучност, љубомора, потреба за контрола, па дури и повлекување. Ви претставуваме дел од нив.
Финансиска независност и посветеност
Многу мажи се прашуваат дали се доволно финансиски безбедни. Поради еманципацијата на жените, мажите денес се плашат дека ќе бидат поуспешни од нив и ќе заработат повеќе, што доведува до прашањето дали и тие ќе бидат почитувани на ист начин.
Изглед
Дури и мажите се грижат за тоа како изгледаат во споредба со идеалите и се прашуваат дали жените ќе ги судат поради тоа. Тие исто така се грижат ако немаат доволно коса или се со прекумерна тежина.
Интелигенција
Многу мажи се прашуваат дали се доволно паметни. Ако се во друштво на високоинтелигентни жени, претпочитаат да се повлечат, но факт е дека на жените не им е важна титулата по името на мажот или неговата диплома, туку многу други работи кои ја прават жената задоволна и сакана.
извор:popara.mk