Дали поминувате голем дел од времето дома и сакате малку да ги “зачините” работите во спалната соба?
“Мост до рајот” е поза која е можеби нешто што ќе ви даде потполно нова сексуална енергија. Експертот за врски и сексуални односи, Анабел Најт, ја препорачува оваа поза на сите парови кои сакаат поголема забава во текот на жешката “акција”.
“Многу е лесно да западнете во секс рутина со партнерот, каде менувате три основни пози – мисионерска, доги стајл и каубојка. Затоа оваа необична поза е добра. Таа потполно ги оттргнува паровите од нивните зони на комфор и им пружа можност лудо да се забавуваат”, тврди Најт, а пренесува “The Sun”.
Како изгледа оваа поза?
Жената треба да легне на грб, а нозете да ѝ бидат прекрстени во воздух (како при изведување на свеќа, само со прекрстени нозе). Од друга страна, мажот клечи на раце и нозе пред нејзините нозе, полусвртен, ротирајќи го телото за да може да ја задоволи жената.
На жената останува дали малку ќе ги спушти нозете при односот, но за поголемо уживање се препорачува воопшто да не ги спушта.
Најт предлага и во текот на оваа поза да бидете креативни и што се однесува до секси разговорите, бидејќи оваа поза оневозможува да гледате директно во партнерот.
извор:супермен/точка.ком.мк