Поранешната мисица и екс сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски, а денес естрадна пејачка Кристина Димитри сподели емотивна порака од една кратка случка поврзана со нејзиниот син Давид.
Таа опиша колку е горда на тоа како го воспитува нејзиното детенце да има разбирање и добра душа за сите околу него.
Имено , Кристина си ја отвори душата и иако се двоумела да сподели со јавноста таа сепак напиша како Давид успеал да и го „стопи“ срцето со неговата постапка од која таа се воодушевила:
„Се мислев дали да го споделам ова… Срцето ми се скрши, а воедно сум и многу горда на мојот син.
Додека јадевме, дојде детенце кое бараше храна, а син ми без размислување му го даде неговиот оброк. И му кажа: „Еве, да го поделиме“. И ме праша: Мама, може и пари да му дадеме за да купи за дома? Ми кажав дека може. Таа негова добра душичка и воспитување се мојот најголем успех“ – напиша Кристина.
Се разбира во тоа голем дел има и нејзината мајка која е тука за се и им помага во сите ситуации, а нејзиното најмило ја сака неизмеро.
Димитри подоцна сподели и нова фотографија од нив двајцата додека се смејат каде напиша:
– Втора мајка, единствена баба, најдобра другарка, без неа не одиме никаде. П.С најмногу ја сака.
Таа секогаш е присутна и на сите поважни моменти од нивниот живот, а го испрати и на првиот училишен ден каде тогаш Кристина исто така потенцираше дека таа е неговата втора мајка.
Пејачката со овој потег на јавноста сакаше да и потврди дека и покрај сите успеси и слава, она на што вистински се гордее и може да ја „стопи“ се добрината и постапките на нејзиното најмило која ја прават посреќна од вообичаено.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Кристина Димитри