Многу родители се среќаваат со осип од пелената кај бебето. Педијатарот д-р Шрути Натвани за „Сан“ (The Sun) објаснува дека има многузабуни и заблуди околу тоа што сѐ го предизвикува тој „осип од пелени“?
– Не секогаш Вашето дете седи предолго во влажна пелена… Првата изненадувачка причина за непријатности кај Вашето бебе е тоа што неодамна сте почнале да јадете цврста храна. Имено, кога ќе почнете да го навикнувате малечкото на цврста храна, ќе видите дека неговата столица е погуста и обично потемна по боја. Може да забележите и дека промената во исхраната понекогаш може да ја зголеми зачестеноста на столицата и п-Х вредноста, зголемувајќи ги така можностите за осип, објаснува докторката.
Друга причина за осип е „претераната хигиена“. Имено, д-р Натвани вели дека иако чистотата е клучен дел од секојдневната рутина, бебињата со почувствителна кожа може да бидат склони кон иритација и ранички ако се претера со триењето.
– Миењето и чистотата на бебето игра клучна улога во отстранувањето на урината и изметот, но некои бебиња може да имаат чувствителна кожа, а прекумерното или посилно бришење може да ја иритира бебешката кожа, што на крајот може да ја зголеми и опасноста од осип, додава педијатарот.
За да се спречи тоа, таа препорачува меко марамче и млака вода за нежно бришење на бебето одзади.
– Ако користите марамчиња, обидете се да користите од оние без алкохол и мирис, бидејќи тие, исто така, понекогаш ја иритираат кожата. И, секогаш оставете го местото каде што ја нанесувате пелената, темелно да се исуши пред да ставите нова пелена, појасни докторката.
Конечно, таа предупредува и дека ако вашето дете има дијареа или течна столица, тоа може да предизвика и полош осип. – Осипот кај пелената може да се појави кога кожата на бебето е во долготраен допир со урина и измет, изјави д-р Натвани.
Советот гласи – мора почесто да се менуваат пелените. Токму поради зголемената п-Х вредност на столицата и поголемиот волумен, се покачува и опасноста од осип.
Извор: Курир.мк