Што го прави љубовникот добар?
Сексот е пред се во главата, а за да биде добар, најважна е хемијата меѓу двајца, но и овие 10 квалитети, пренесува „Your Tango“:
– Подготвени сте да учите.
– Разиграни сте и страствени.
– Партнерот се чувствува секси со вас.
– Самоуверени сте и не се плашите да бидете ранливи.
– Вие сте авантуристички тип и спремни сте за експериментирање.
– Уживате да давате задоволство колку и да го добивате.
– Поддржувате и не осудувате.
– Во тие моменти сте целосно присутни.
– Ги кажувате вашите потреби и ја слушате другата страна.
– Имате време и не избрзувате со сексот.
Техниката, добрата хигиена, карактерот и хемијата меѓу двајца се важни фактори, но сексуалната интимност која го прави сексот фантастичен е многу повеќе од тоа. Таа расте и се множи со добро, споделено искуство, разговор и работа на себе.
извор:попара.мк