Истражувањето покажало дека просечното траење на сексуалниот однос помеѓу партнерите во просек е помеѓу пет и осум минути, но дали тоа е доволно за жената сексуално да ужива? Дознајте!
Неколку истражувања покажале дека сексот кај поголемиот дел од паровите трае помеѓу пет и осум минути, не вклучувајќи ја предиграта која што е важен фактор за сексуално задоволство.
Со оглед на денешниот забрзан ритам за живот, не е ниту чудно што уживањето во интимните моменти со партнерот се сведува на неколку кратки минути, но наредните податоци паровите треба да ги мотивираат да размислат за нежност и сексуалниот однос со нивната сакана личност да не го сведуваат на механичка работа и брза акција.
Имено, за максимално да се ужива во сексот и да се постигне задоволство, жените се согласни дека сексуалниот чин треба да трае подолго.
Истражувањето на магазинот „Journal of Sex Research“ открило дека жените прво сакаат предиграта да трае од 11 до 13 минути, а потоа 14 до 16 минути сексуалниот однос од моментот на пенетрација. Тоа би значело дека вкупно – предигра со секс мора да трае барем 25 до 30 минути.
иззвор: точка.мк