Пејачката Милица Павловиќ од своето појавување ја дрма естрадата со својот изглед и песни , а секогаш потенцира дека има најголема поддршка има од нејзините баба и дедо.
Тие ја израснале пејачка која постојано велеше дека им должи сè. Сепак, постои уште една личност која ја поддржува Милица, а пејачката никогаш не ја покажала во јавност.
Екипата на српски Блиц отиде во луксузната населба во Белград, каде сексипилната сењорита купи стан од каде излезе рака под рака со нејзината тетка.
Она што е малку познато е дека оваа жена ја имала улогата на мајка додека Милица растела, бидејќи е познато дека уште како дете нејзината мајка ја напуштила.
Откако поминале еден час во едно кафуле, двете тргнале на прошетка низ Белград, а пејачката била среќна што го поминува денот со сакана личност.
За потсетување, Милица често ја раскажуваше нејзината животна приказна, а разводот на родителите беше во можност да го надомести со вниманието и љубовта што ги доби од бабата, дедото и тетката.
– Моите родители, да бидам искрена, никогаш не ми недостасуваа во животот. Знам дека звучам како ладнокрвна личност, иако не сум. Моите родители се разведоа и тоа е нивно право. Јас немам право да судам никому. Подобро развод отколку лош брак. Бабата и дедото се родители на татко ми. Дојдов во нивниот дом како дете. Тие можат да кажат дека јас сум нивно трето дете и дека во моето воспитување ги поправиле сите грешки што ги направиле кај татко ми и тетката. Затоа имав поголема одговорност за утре да не кажат: „Ја одгледаа нејзините баба и дедо и погледнете што стана“, рече Милица своевремено.