Радио Милева
„среќна сум“

Милена Антовска е бремена: Водителката повторно ќе стане мајка, го откри и полот на бебето (фото)

Милена Антовска е бремена: Водителката повторно ќе стане мајка, го откри и полот на бебето (фото)

Водителка Милена Антовска е бремена и по втор ќе стане мајка.

Имено, Милена и нејзиниот сопруг Гордан Станковски повторно ќе станат родители, а нивната ќеркичка Лана Марија ќе стане постара сестричка.

Овие убави вести, Антовска ги потврди за ММС и го откри полот на бебето.

-Да вистина е, на половина бременост сум, уште малку ќе бидам во петиот месец. Очекувам бебето да не израдува во јануари. Веќе се знае дека е женско, наша втора ќерка, а Лана Марија ќе добие сестричка. Уште едно девојче, навистина сум многу среќна. Можеби длабоко во себе посакував да имаме син, но не ми е важно. Нели ќерките повеќе ги чуваат родтелите, па ако е така јас и Гордан ептен ќе бидеме чувани“, вели Милена.

Таа вели дека се уште не размислувале за името на ќеркичката и откри како ја поднесува втората бременост.

-Име уште не сме смислиле, сега за сега не можеме да се договориме. За Лана се договоривме веднаш, па потоа го додавме Марија, бидејќи се роди на Голема Богородица.  А за ова има време, ќе смислиме, нека е живо и здраво, тоа е најважно. Лана е превозбудена, ептен среќна е и секој ден прашува како е бебето. Јас се чувствувам супер, се е во ред иако малку ми е потешко од првата бременост. Но, и жештините си го прават свето. Мислев дека не сакам второ дете, но како поминуваат месеците така се повеќе и повеќе се радувам и сметам дека нешто поубаво и не можеше да ми се случи“, вели Антовска за ММС.

Потсетуваме, Милена во 2017 година заплови во брчните води со нејзиниот сега веќе сопруг Гордан Станоковски, а кон крајот на август 2017 парот ја доби првата ќерка Лана Марија.

фото: Принтскрин/инстаграм/милена антовска

Останати вести од Радио Милева