Поранешниот свршеник на пејачка Северина, Милан Поповиќ стана татко по третпат и тоа повторно на машко.
Како што пренесуваат регионалните медиуми, избраничката на бизнисменот, Бојана, се породила во Белград, а бебето има 3.300 грама, долго е 52 сантиметри и се вика Ѓорѓе.
За 25 годишната мајка ова е второ дете со Милан, а пред две години таа му роди син кој се вика исто како и неговиот татко.
За потсетување, првиот син на Поповиќ е синот кој го доби со Северина, Александар, а поради старателство над детето српскиот „крал на бакарот“ долго се влечка по судови.