Младиот македонски фолк пејач Мики Данилоски сними видеоспот за песната „Мајка”, на која самиот е автор на текстот и музиката. За аранжманот се погрижил Златко Миладиноски, додека а ИН ТВ го изработила видеото за неговата нова песна.
Видеото е снимано на повеќе живописни локации долж охридско – струшкото крајбрежје. Михајло не го крие задоволството од целокупниот работен ангажман во текот на снимањето, како и големата посветеност на музиката која допрва треба да даде големи резултати.
Засега Мики има само две свои авторски песни иако нецела година е на македонската музичка фолк сцена. Најдобро од се’ е што во јавноста се појавува со свои авторски, а не туѓи, препани песни како што многумина од пејачите го прават тоа на почетокот на кариерата.
Проследете во продолжение како звучи и изгледа видеото и изведбата на неговата „Мајка“:
Извор:Естрада+