Ѕвездите можат да откријат сè, дури и каква личност најмногу би одговарала на вашата астро комбинација.
Месецот на раѓање открива каков маж ви треба, дури и по цена да го чекате.
ЈАНУАРИ – Кога-тогаш ќе ви се појави маж, кој ќе го препознаете по силните амбиции и љубовта кон работата. Токму затоа што и самите сте такви. Знаете кои се вашите соништа и дефинитивно чекорите кон нивно остварување. Затоа ви треба некој кој ќе може да држи темпо со вас и да ви даде поддршка. Само таков маж нема да биде исплашен од вашата силна природа и желба за успех.
ФЕВРУАРИ – Бидејќи сте непредвидливи и полни со живот, потребен ви е трпелив, но истовремено и љубопитен маж. Некој кој ќе ве сака дури и кога сте расположени да одите на патување во непознатото и кога сте тивки, внимателни и ранливи.
МАРТ – Заслужувате некој кој ќе се однесува со вас онака како што заслужувате. Со оглед на тоа дека сте некој кој сочувствува со другите, дека сте искрени и паметни – таков мора да е и вашиот совршен маж. Бидете трпеливи и ќе дојде тој што ќе ве стави на прво место, кој ќе ги обожава сите ваши квалитети и нема да помисли да ве искористи.
АПРИЛ – Почекајте да се појави оној кој ќе се заљуби во вашата уникатност. Многумина побегнаа од неа, а многумина се плашеа дека не сакате да ги криете емоциите, но оној кој е вистинскиот за вас ќе биде доволно самоуверен за да остане.
МАЈ – Потребен ви е некој кој може да го следи вашето темпо. Како личност со исклучителен фокус, мотивација и страст, не ви треба некој кој упорно ќе заостанува зад вас. Сосема е во ред секој од вас да води свој живот, но во исто време да бидете тука еден за друг и да се охрабрувате да бидете подобри и поуспешни.
ЈУНИ – Ви треба некој кој нема да има проблем да се отвори целосно емотивно и кој нема да се плаши од својата ранливост. Секако, тоа не значи да се биде нечие рамо за плачење или да се поправи сето она што другите им го уништиле во животот. Ви треба некој кој ќе ве сака исто колку и вие него.
ЈУЛИ – Потребен ви е маж кој ќе го обожава она што сте. Вашата природа е таква што ги привлекувате сите околу себе, па заслужувате некој кој е доволно сигурен во себе и тоа нема да му пречи. Не ви треба некој да ви каже дека треба „малку да се смирите“ за да се чувствува подобро во своја кожа.
АВГУСТ – За вас постои некој кој не се плаши да биде искрен, кој ќе ви го каже дури и она што не сакате да го слушнете. Вашата личност е пример за многумина и имате карактеристики на вистински лидер, па затоа ви треба доволно силен маж кој нема да ви дозволи да правите сѐ што сакате, особено не да газите преку него. Што не значи дека нема да се гордее со вас. Едноставно ќе ве држи во рамнотежа.
СЕПТЕМВРИ – Никогаш не сакате да престанете да учите нови работи и да стекнувате нови искуства. Затоа ви треба партнер кој нема да ве спречува во тоа, туку ќе ве охрабрува. Но, и некој на кој нема да му биде тешко да се потруди малку повеќе да загребе подлабоко во вашето срце.
ОКТОМВРИ – Имате толку многу љубов и добрина што луѓето често го земаат тоа здраво за готово. Затоа вашиот маж треба да има исти или слични карактеристики за да внесе уште повеќе радост и љубов во вашиот живот, а не болка и страдање.
НОЕМВРИ – Исклучително сте вредни и креативни, но понекогаш можете да бидете повлечени и тивки. Затоа ви треба маж кој ќе ги сака сите ваши страни и кој секогаш ќе се труди да се чувствувате опуштено. Почекајте го оној кој ќе ве сака такви какви што сте.
ДЕКЕМВРИ – Ви треба некој кој секогаш ќе биде подготвен за забава. Вие сте весела личност полна со енергија и ви треба некој кој ќе ве поттикне така да се развивате, а не некој што ќе ве спречи. Мажот кој е за вас ќе ја сака вашата духовитост и „смотана“ природа, но и ќе биде доволно сериозен кога е потребно. Пред сѐ, има некој за вас кој може да ве насмее.
извор: кајгана