Љубов и Секс

Мажот е поверојатно да ве изневери ако сте во оваа ситуација со пари

Мажот е поверојатно да ве изневери ако сте во оваа ситуација со пари

Според истражувањето кое собирало податоци во периодот од 2001 до 2011 година и анализирало повеќе од 2.500 парови, дошло до чудно откритие кога станува збор за заработката на поединци во врска и прељуба.

Ако мажот заработува повеќе пари од сопругата, помала е веројатноста да се занимава со изневерување, пишува „Yourtango“.

Меѓутоа, кога жената е таа која заработува повеќе, има 15 проценти поголеми шанси мажот да ја изневери својата финансиски поуспешна сопруга.

Од друга страна, жените можат да ги заработат сите пари за заедницата, а во исто време да останат верни во врската, бидејќи оваа студија покажала и дека жените кои заработуваат 100 отсто од вкупниот приход немаат тенденција да изневеруваат.

Кога мажите почнуваат да заработуваат слични суми како нивната поубава половина, нивните шанси за изневерување се намалуваат.

Кога мажот изневерува, тоа обично значи дека има некаква огорченост кон жената затоа што таа е способна да направи нешто што тој не може – да внесе повеќе пари во куќата.

Доколку имате проблем со партнерот кој е фрустриран затоа што заработува помалку, најдобро е отворено да зборувате за тоа. Најважно е да ги отстраните сите претпоставки и негативни емоции кон вашиот сопружник.

Откако ќе разговарате на оваа тема, и двајцата ќе можете да најдете среќа во врската, бидејќи нема да бидете загрижени што очекува вашата сакана од вас.

извор:попара.мк

To top