На статусот на една врска влијаат повеќе фактори но најважна секако е коминикацијата меѓу двајцата но и потребите и желбите.
Како што е познато мажите не сакаат многу да разговараат за своите чувства, па се запрашавме кога за нив врската станува официјална? Во тоа ни помогна анонимната анкета спроведена на Redit па еве ги и резултатите:
Кога заедно поминувате 24 часа
- кога заедничкото дружење е преку викенд и за викенд.
Зависи кој прашува
- ако ме прашувате мене јас ќе ви казам дека дека нашата врска започна во јули, а според мојата девојка во декември бидејќи јас сметав од денот кога сме се запознала
Од самиот старт
- никогаш не би почнал врска со некого ако се уште се гледа со други луѓе. Подобро веднаш да ми каже дека само е забава дур не се појави подобра прилика
Кога веќе не те интересираат други
- ова сметам дека сепак зависи од личност до личност. Кога секој пат би излегувал со личноста која ми се допаѓа ќе го изгубам интересот за разговор и не би се гледал со други, дури и да не е официјална врската.
Кога обајцата се чувствуваат исто
- мислам дека најдобар одговор е кога ќе почнете да чувствувате нешто и дека нема прав одговор на ова прачање. Аго осеќате дека односот ви е во ред пробајте да разговарате. Дали тоа е после 3-тиот состанок или после 5-тиот или 5 месеци теба да разговарате за тоа дали го чувствувате исто во врската.
Кога ќе почнете да спиете заедно
- би рекол после месец дена дружење. Кога ќе почнете да спиете заедно тогаш разумно е дека сте во врска
Кога редовно се гледате
- ако редовно се гледате и поминувате време заедно тогаш автоматски сте во врска
Кога не можеш да го поднесеш фактот дека можеш да ја изгубиш
- Кога почнав да е гледам со сегашната девојка во исто време се гледав и со други две. Ништо не се случи меѓу нас, само отидовме на состанок со жебла да ја најдам правата личност. Дојде момент кога ми стана јасно дека сакам да сум само со неа не и со другите, а исто така не сакав да било кој друг да проба да ми ја „украде“. Така еден ден и реков нешто глупаво како „дали ќе ми бидеч девојка бидејќи јас сакам да сум ти дечко“. Да глупаво звучеше но сепак се исплатеше.
После 3 недели
- обично после 3 недели знам дали има нешто во врската за да продолжам да да се гледам или не.
После 3 – 4 состаноци
- после 3 – 4 состаноци знам дали ми се допаѓа или не. Не сакам на сила да форсирам некои работи, а не сакам ни да излегувам со некого на кого му се потребни неолку месеци за да се реши.
извор: попара