Џеси Форд, докторанд по социологија на Универзитетот во Њујорк, спровела студија во која покажала дека младите мажи без волја се согласуваат на секс многу почесто отколку што мислат.
Интервју со 39 студенти, кои против своја волја се согласиле на секс, открило различни причини за оваа појава.
Само осум мажи признале дека тоа го направиле во алкохолизирана состојба, додека пак останатите навеле дека не почувствувале никаква поврзаност, дека биле изморени, дека немале презервативи, дека сакале друг вид физички контакт или дека помислиле дека партнерката во спротивно ќе ги смета за помалку мажествени.
„Не сакав да се најдам во таа позиција затоа што сексот за мене тогаш и натаму би бил без емоции. Од друга страна, не сакав да испаднам чуден“, навел еден од бруцошите кој имал секс не по своја волја.
„Помислив на тоа дека девојката подоцна би ја раскажала цела приказна на своите пријателки. Тука беше и несвесниот притисок кој околината ни го наметнува – дека момчињата треба да уживаат во сексот во секоја ситуација“, објаснило момчето.
Одговорите на мажите покажале дека кога го прават тоа има присуство на широки спектар на емоции и предрасуди – страв од сопствен срам или навреда на партнерот, страв од партнерката да не помисли дека се незрели, притисокот дека сè уште сака секс и свест за тоа дека сексот секогаш треба да биде пријатно искуство без оглед на сè.
Младите мажи најмногу ги загрижува дека околината ќе ги исмева доколку одбијат привлечна жена.
„Кога ќе ви пријде девојка, помислувате: Во ред, ќе ја прифатам дадената шанса затоа што тоа речиси никогаш не се случува. Голем број од луѓето поради таа причина се согласуваат на секс, иако немаат реална желба за тоа“, истакнал друг испитаник.
извор;точка.ком.мк