Дури 89 отсто од мажите признале дека оваа реченица секогаш ги асоцира на најлошото.
Жените и мажите комуницираат на различни начини, а многу експерти за љубов веруваат дека комуникацијата е клучот за секоја здрава и успешна врска. Меѓутоа, често се случува партнерите во одреден момент од врската да не можат да искомуницираат одредени работи, што доведува до расправии, па дури и до раскинување.
За да бидат јасни разликите во комуникацијата меѓу мажите и жените, експертите спровеле низа студии за да откријат што најмногу ги нервира мажите во комуникацијата.
Излегува дека мажите не можат да поднесат кога жените велат: „Треба да разговараме“.
Според експертите на „Yourtango“, оваа реченица мажите ја нарекуваат „фраза што започнала илјадници раскинувања“.
Резултатите покажале дека дури 89 отсто од мажите мислат најлошо кога нивната партнерка вели: „Треба да разговараме“.
Во книгата на Стив Харви од 2009 година, „Однесувај се како дама, размислувај како маж“, тој објаснува зошто се чини дека мажите ја мразат оваа фраза толку многу.
Во книгата тој напиша:
– За маж, малку зборови се заканувачки како тие три. Тој израз може да значи само две работи за мажите: или сме направиле нешто погрешно или, уште полошо, вие навистина буквално само сакате да разговарате.
Тој истакнува дека мажите повеќе сакаат да „поправаат“ отколку да „разговараат“ за проблемот.
Стив нуди уште една фраза што жените можат да ја користат, како: „Душо, види, во ред е, само би сакала да зборуваме“.
Но, пред да ги осудиме мажите дека не сакаат да зборуваат и имаат проблеми, вреди да се спомене дека дури 40 проценти од мажите во ова истражување признале дека губат контрола над своите чувства и емоции за време на разговорот, па затоа го избегнуваат.
Извор: Попара.мк