Лер Перот, автор на книгата „The Ultimate Guide To Crazy Good Sex“ пишува за машко-женските односи и дели совети како да ги подобрите.
Тој акцентира дека мажите кои им помагаат на жените во вршењето на домашните обврски почесто имаат секс во однос на оние кои тоа не го прават.
Исто така, авторот додава дека со угодување и изразување нежности кон жената се зголемува сексуалната активност кај нив. Тој ги советува мажите отворено да разговараат со партнерките, да им дадат до знаење дека им значат.
„Многу е важно пред да го допрете нејзиното тело да ја допрете нејзината душа. Може да си поиграте со миризливи свеќи, писма, поезија и слични работи“, пишува авторот.
Тој исто така советува дека треба со разговор да допрете до партнерката, да бидете отворени и да ја прашувате за работи кои инаку би очекувале таа самата да ги направи,
„Можно е вашите желби да се различни понекогаш, но важно е да не дозволите тоа да влијае на вашиот брак. Тоа е нормално и може да се случи од време на време“, вели авторот.
Доколку се случи партнерката да ве одбие за нешто немојте да ја навредувате со грди коментари, разговарајте со неа и нејзините сексуални желби и поправете го односот.
извор: Курир.мк