Љубов и Секс

Машко – женска комуникација на првиот состанок

Машко – женска комуникација на првиот состанок

Дали го мислите тоа што ќе го кажете или зад тоа се крие нешто друго. Во следните редови прочитајте пет типични ситуации на првиот состанок или што машките кажуваат, а женските слушаат…

Ситуација бр. 1
ТОЈ ВЕЛИ: Мене не ми е важен физичкиот изглед.
ТАА СЛУША: Да, и затоа мене ме викна да излеземе.
ТОЈ МИСЛИ: Мене ми е важно тоа под површината.

Ситуација бр. 2
ТОЈ ВЕЛИ: Има ли во твојот живот место за љубов?
ТАА СЛУША: Ужасно сум осамен и очајно ми треба било каква жена.
ТОЈ МИСЛИ: Не мислам само на секс, а ти?

Ситуација бр. 3
ТОЈ ВЕЛИ: Ме потсетуваш на сестра ми.
ТАА СЛУША: Не ми се допаѓаш како жена, но би сакал да бидеме пријатели.
ТОЈ МИСЛИ: Со тебе ми е така пријатно како да те знам цел живот.

Ситуација бр. 4
ТОЈ ВЕЛИ: Утре ќе имам цел ден да размислувам за нешто.
ТАА СЛУША: Утре цел ден ќе се смеам на твоја сметка.
ТОЈ МИСЛИ: Многу си ми интересна, не ми излегуваш од глава.

Ситуација бр. 5
ТОЈ ВЕЛИ: Би сакал да одиме чекор по чекор
ТАА СЛУША: Досадно ми е со тебе, не сакам често да се гледаме.
ТОЈ МИСЛИ: Ова со тебе би можело да биде нешто супер. Не сакам цела забава да ја расипам со брзање.