Честопати мажите по секс заспиваат од замор, додека нивните партнерки би сакале да се гушкаат, разговараат и да разменуваат нежности. Ова за многу жени е една од најиритирачките ситуации во нивната романтична врска, а често и причина за несогласувања. Но, науката вели дека има многу добри причини зошто се случува тоа.
Замор
Првата и најважна причина е заморот и недостатокот на енергија, кои често се јавуваат во поголема мера кај мажите отколку кај жените. При сексуалниот однос, гушкањето и сите останати активности под чаршафите, мажите ја вложуваат целата своја енергија и многу повеќе чувствуваат замор по односот.
Ослободување од стрес и напнатост
Друга причина е ослободувањето од стресот, напнатоста и стравот што се јавува при доживување на оргазам. За разлика од жените, мажите речиси секогаш доживуваат , па затоа имаат и поголема потреба за сон и поинтензивна релаксација.
Хемиските реакции при доживување на оргазам
За време на ејакулацијата, мажите ослободуваат коктел од мозочни хемикалии, вклучувајќи ги норепинефрин, серотонин, окситоцин, вазопресин и хормонот пролактин. Хормонот пролактин е тесно поврзан со спиењето, што е една од причините зошто мажите заспиваат веднаш по сексот.
Неконтролирано дишење
Мажите за време на сексот, особено оној побрз и поинтензивен, го потиснуваат дишењето или дишат многу побрзо, поради што во организмот влегува помалку кислород од вообичаено. Па така, ова е уште една од главните причини зошто повеќето мажи се чувствуваат многу уморни после сексуалниот однос и веднаш заспиваат.
Најчесто не сакаат да ги анализираат своите искуства
Жените имаат потреба да ги анализираат своите искуства, а мажите најчесто ги занемаруваат. Па, полесно им е да продолжат со други активности или едноставно да заспијат. Ако мажот не е добар соговорник во моментите кога жената најмногу тоа го очекува од него, тоа често може да создаде чувство на лутина, а во некои ситуации и вина. Затоа е важно да се земе предвид за разликите помеѓу машкиот и женскиот мозок и да се има меѓусебно разбирање.
извор: popara.mk