Постојат некои ситуации кои навистина можат да ја убијат сексуалната желба и да ги заладат односите меѓу партнерите.
Мажите често ги прават овие грешки во сексот, а жените никогаш не им ги простуваат.
1. Изговори погрешно име
Една од најлошите работи кои може да се случат во кревет е партнерот да ве нарече со погрешно име. Таквите ситуации можат да бидат комплицирани. За некои се причина понатаму ништо да не се обидуваат.
2. Не се труди околу предиграта
Добрата предигра е вовед во добар секс. Мажите кои немаат трпение за да посветат неколку минути во бакнежи, допири, милување, не се достојни за вас.
3. Себичен е
Многу мажи во сексот се себични и чекаат целата работа да ја заврши партнерката сама. Иако често жените немаат ништо против тоа понекогаш сакаат да се најдат и во онаа другата улога, кога некој се труди околу нивното уживање.
4. Сака само секс на брзина
Краткиот секс најчесто подразбира само негово задоволство. Сексот на брзна не е добар за врската, но ако веќе го практикувате, важно е во него да ужива и партнерката.
5. Одбива кондом
Ако нема кондом, нема ни секс. Освен што штити од несакана и непланирана бременост, заштитува и од низа сексуално-преносливи болести. За многу жени тоа е услов од кој не отстапуваат.
извор: Кајгана