Радио Милева
роденден мала забава

Маријан Стојаноски ја покажа емотивната страна: Jaвно и честиташе роденден на сопругата, но и покажа колку пораснала наследничката (фото)

Маријан Стојаноски ја покажа емотивната страна: Jaвно и честиташе роденден  на сопругата, но и покажа колку пораснала наследничката (фото)
фото: фејсбук/маријан стојаноски

Пејачот Маријан Стојаноски во јули претходната година стана татко на женско бебе и за првпат се резлизираа како родители со неговата сопруга Наташа Каранџулоска.

Парот доби ќеркичка за која го одбраа името Вероника.

Маријан Стојаноски стана татко – еве кое име го одбра за наследничката (фото) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Maријан не е премногу активен на социјалните мрежи, па нон стоп да објавува каде е и што прави.

Сепак, кога ја побара Наташа за сопруга и кога стана татко за првпат, овие радосни вести ги обзнани на својот „Фејсбук“.

Деновиве, македонскиот пејач ја покажа и својата нежна страна. Имено, неговата сопруга славеше роденден, а тој и приреди мало изненадување.

фото: фејсбук/маријан стојаноски

Имено, тој објави видео на кое и ја пее неговата песна „Роденден“ додека неговата сопруга игра со наследничката.

„Среќен роденден моја најмила“, напиша Стојаноски.

Тој исто така објави и неколку фотографии на кои тој и сопругата заедно со ќерката позираат, па покажа колку пораснала неговата наследничка.

фото: фејсбук/маријан стојаноски

Среќен роденден!

Останати вести од Радио Милева