Секс – табу или не, најчесто нешто без коешто не можеме. Како звучат Марфиевите закони врзани за сексот прочитајте подолу.
И ако не сте знаеле – Сексот е една од деветте причини за реинкарнација. Останатите не се важни!
1. Единствен лек за секс е уште повеќе секс.
2. Сексот е 50% она што сте го добиле и 50% она што луѓето мислат дека сте го добиле.
3. Невиноста може да се лекува.
4. Квалитетите со кои жената го привлекува мажот, се најчесто оние кои први исчезнуваат.
5. Сексот е наследен. Доколку вашите родители никогаш го немале големи се шансите и вам да ви биде исто.
6. Пред да го најдете принцот мора да бакнете многу жаби.
7. Сакај го блискиот, но не дозволувај да те фатат.
8. Љубовта е хемија, сексот – чиста физика
9. Секс е збор од 4 букви на кој му е потребен збор од 5 букви за да добие целосно значење.
10. Никогаш немој да имаш секс со жена која е уморна или одморена.
11. Жената никогаш не го заборава мажот кој можела да го добие, а мажот жената која не можел да ја има.
12. Не е важна должината на диригентската палка туку магијата во неа.
13. Убавината се вовлекува под кожа, грдотијата оди до коски.
14. Мажот е само маж, а добриот велосипед е возило.
15. Девет од 10 забари препорачуваат орален секс.
16. Религиозноста не е превентива за сексот. Таа е превентива за уживање во него.
17. Харфата е гол клавир.
18. Две купатила во домот штетат на соработката.
19. Двајца се друштво, тројца – оргија.
20. Прво брачно правило – ако си во право брзо извини се.
21. Барај прошка денес – утре можеби нема да се чувствуваш виновен.
22. Многу нешта се подобри од сексот. Многу се полоши. Но, не постои ништо како сексот.
23. Мажот е среќен со која било жена се додека не ја засака.
24. Сексот е една од деветте причини за реинкарнација. Останатите не се важни!
извор:netpres.com.mk