Радио Милева

Македонското брачно музичко дуо доби син – бебето ќе се вика Каин

Македонското брачно музичко дуо доби син – бебето ќе се вика Каин

Денис Мурат, момчето од Охрид кого јавноста го запозна преку учеството во музичкото шоу “Идол”, и неговата сопруга и колешка со која ја дели сцената, Стефани, станаа родители на машко бебе.

Гордиот татко на социјалната мрежа Фејсбук се пофали дека населедникот дојде на свет и напиша:

-Се роди Каин. Станав татко. Да си жив и здрав сине! –пишува пејачот за големата среќа во неговиот живот, а честитките се редеа една по друга.

фото:принтскрин/фејсбук

За потсетување,младата брачна двојка Денис Мурат и Стефани Стефановски функционираат и како двојка на професионално поле, односно заеднички работат како дел од составот “Дис”.

фото:фејсбук/денисмурат

Во 2016 година таа клекна пред него и ја побара неговата рака за сопруг.

Речиси две години подоцна во Охрид се случи и нивната венчавка кога Денис и Стефанија се заколнаа на вечна љубов.

Инаку, Денис во македонското музичко шоу„ Идол“ беше еден од фаворитите, а подоцна продолжи со соло кариера.

фото:фејсбук

To top