Македонските јавни личности не често практикуваат својата приватност да ја сервираат на социјалните мрежи, но и од таквите има исклучоци, а една од нив е и пејачката Наташа Мијата Крстевска.
Дамата која работи на аеродром како контрола на лет, никогаш не ја запостави музиката и остана перманентна на музичката сцена.
Во 2015 година пред да ја роди својата ќеркичка Никита, Мијата го промовираше својот албум „Небеска“, а за секој убав повод во својот живот, гордно го објавува пред јавноста. Па така, не се штедеше да открие и дека деновиве има посебен повод за славење, односно причината е јубилејот од 10 години брак со сопругот Златко.
Мијата секоја година на истиот датум посветува статус за љубовта на нејзиниот живот за која вели:
Уште 40 години да ме сакаш како до сега и ништо повеќе не барам… Честит јубилеј друшко моја, напиша Мијата за една од нивните заеднички фотографии.
Годинава пак, објави фотографија стара една деценија на која покажа како изгледала како невеста.
Мијата отсекогаш имала уникатен моден стил, а истото толку впечатлива и со сопствен моден печат била и на денот на венчавката. Наместо невестински фустан Мијата се одлучила за комбинација со етно мотиви, кои на некој начин се нејзиниот заштитен знак.
За потсетување, како плод на љубовта во бракот, Мијата и Златко го имаат синчето Калин.