Живот и Стил ФОТО

Македонската пејачка го зголеми задникот како Џеј Ло, а потоа изненади во стилот на Анастасија Ражнатовиќ!

Македонската пејачка го зголеми задникот како Џеј Ло, а потоа изненади во стилот на Анастасија Ражнатовиќ!

Пред неколку години беше една од најслабичките на македонската забавна естрада. И сега не е нешто поразлична со фит изгледот, но откако замина за Америка поради музичко усовршување, пејачката Оливера Ѓоргоска целосно го промени животниот стил.

Се  поретко се враќа во Македонија, бидејќи таму се вработи, а има и момче, но љубовта кон родителите ја тера повторно да дојде во родниот Прилеп.

Оливера деновиве имаше свој концерт во Невада, повод за кој се дотера во специјално елегантно издание, а тесниот фустан го истакна нејзини најсилен атрибут, зголемениот задник со кој не потсети на Џеј Ло.

Секси стајлинзите не ретко се избор на пејачката, па така неодамна се одлучи за црн кус фустан со впечатливо деколте, сличен на оној што го носеше Анастасија Ражнатовиќ.

Јасно е дека и на двете перфектно им стои, но наша Оли дефинитивно работела на себе – погледот кажува се.

To top