Маја Вордерстрас продолжува да ги смее родителите со своите хумористични фотографии и пораки на табла.
Забавната мајка на две мали деца создава фотографии кои ја прикажуваат реалноста на мајките и маките кои доаѓаат со мајчинството.
Маја на Instagram честопати ги споделува и своите чувства за да им покаже на другите мајки дека не се сами.
ФАНТОМСКИ ПЛАЧ: Липањето и врескањето кое една мајка го слуша во нејзината глава секогаш кога ќе се обиде да направи нешто, особено да се истушира.
Јас ПРЕД да имам деца: Моето дете НИКОГАШ нема да гледа ТВ пред да наполни 2 години, нема да игра на таблет, ниту да го користи мојот телефон во јавност. Јас ДЕНЕС: ХАХАХАХ сигурно!
ЈАС: Готово, повеќе не спијам со децата. ПАК ЈАС: кога моето дете конечно ќе заспие во сопствениот кревет.
Изразот на лицето кога твоите деца ќе направат нешто за кое си се колнела дека никогаш нема да го направат: Да го користат твојот телефон или таблет.
Нели бевме совршени родители пред да имаме деца? Денес сфатив дека понекогаш ќе направам сè што е потребно за да преживеам!
Чекајќи го сопругот да се врати дома од работа:
ПРВО ДЕТЕ: Ја комплетираш радосницата; Го фотографираш секој месец; Ги чуваш етикетите, алиштата, косата, забите, го собираш во шише првиот воздух што го вдишало. ВТОРО ДЕТЕ: Упс, жал ми е!
СОПРУГОТ НА ДЕНОТ НА МАЈКАТА: „Денес е твој ден, јас ќе ги зготвам сите оброци. Седни и уживај!“ УТРОТО ПО ДЕНОТ НА МАЈКАТА:
Некои ме викаат МАМА, но вие можете да ме викате КООРДИНАТОР НА ХАОС
ЈАС: Спиењето на ист кревет со децата е најдобро за нас, го обожавам! ПАК ЈАС:Исфрлена од џиновски кревет по 27 пати во една ноќ.
Превозбудена сум што доаѓа Денот на вљубените. Едвај чекам да се искараме што ќе јадеме, а потоа да се онесвестиме додека одлучуваме што да гледаме на ТВ.
ХРАНЕЊЕ НА МОЕТО ДЕТЕ: 2 часа потрошени на 3 различни опции од кои 70% завршува на подот, 10% во мојот стомак, а моето дете ќе изеде половина тост и бајати житарки.
МАЈЧИНСКИ МОЗОК: Состојба која ги засега жените откако ќе забременат. Симптоми: Губење на меморијата и… Што сакав да кажам?
НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА: Заспијте сокол. Оддалечете се незабележани. КРЦ! Таа стои зад мене, нели?
СЕКОГАШ КОГА ЌЕ СЕ ОБИДАМ ДА СЕ ИСТУШИРАМ: Халуцинирам дека плаче бебе; Бебето навистина плаче; Пука цевка; Снемува струја.
ЛИШУВАЊЕ ОД ТОАЛЕТ: Тие ме следат секогаш кога ќе се обидам да мочам, а кога ќе треба да какам… Хахаха, се шегувам, ниту една мајка нема време за тоа!
На сопругот му ветив дека со второто дете ќе бидам минималист. Ја минимизирав мојата самоконтрола.
ПРВ ДЕН ОД ОДМОРОТ НА ТАТО: Преживеа до вечерата и заплака само двапати. Добра работа тато!
Нешта кои моите дете ги направи лепливи денес: Бејбифонот, далечинскиот управувач, мојата коса, сите рачки од шкафовите, задното седиште.
Ве молам за едноминутно молчење за сите кафиња што сме заборавиле да ги испиеме и да се потсетиме на оние кои сме се обиделе да ги претоплиме.
Неодамна, Маја призна дека до пред извесно време се чувствувала невидливо и дека воопшто не си посветувала време на себе. Но, откако отишла на фризер и посветила неколку часа на изгледот, таа сфатила колку е тоа важно.
МАЈЧИНСКА ВИНА: Ме држеше како заложник, но денес, конечно сум слободна.
Цели 19 месеци си смислував еден изговор по друг за да не си ја средам косата: „Хејзел ќе сака да цица… Децата ќе плачат… Зои никогаш не се разделила од мене толку многу часа… Прескапо е… Не ми треба потстрижување… Имам домашни обврски….“ и уште многу други, но вистината беше дека мислев дека не вреди да си го трошам времето, парите и енергијата. Си дозволив да верувам дека оставањето на децата за да направам нешто за мене би значело дека ги занемарувам. Станав невидлива за мене, а многу е опасно да паднеш во таа дупка.
Стануваше збор за нешто повеќе од мојата коса, стануваше збор за мојата самодоверба и самопочит. Не чувствував дека заслужувам 4 часа одмор за да се погрижам за себе. Мојот сопруг забележа колку се срамам од мојата коса и продолжи да инсистира толку многу, што на крајот јас се предадов. Кога излегов од дома и ја затворив вратата зад себе, бев обземена од анксиозност, каење и стрес и тешко се воздржував да не заплачам. Тој ја исклучи камерата за да не ги проверувам и да се грижам.
По два часа, заспав на столчето за миење на косата. Прочитав цело списание. Испив топло кафе. А кога конечно го видов крајниот резултат и се уверив колку е жива и силна мојата коса и слушнав колку добро им е на децата со мојот сопруг, сфатив колку е важна грижата за себе.
За неколку часа јас ги наполнив батериите и конечно почувствував дека вредам, дека сум видена и дека сум си важна СЕБЕСИ. Да се ценам себеси сигурно ќе биде секојдневна битка, но си ветив дека најмалку што можам е да ги правам нештата што ми носат радост. Да свирам на гитара колку што е можно почесто, да излегувам со моите пријателки и да не чувствувам вина кога си посветувам внимание себеси. Ве охрабрувам да го направите истото. Ќе бидеме многу подобри мајки кога ќе откриеме колку вредиме и кога ќе се цениме себеси. Знајте дека сте многу поважна личност отколку што некогаш можете да си замислите.