Мајка од Норвешка ја користи својата смисла за хумор за да ги документира бременоста и мајчинството на забавен начин.
Сара со интересни пораки на табла ги опишува чувствата кои ги имала во бременоста, а сега и во мајчинството. 25-годишната мајка на две деца досега има привлечено повеќе од 100.000 обожаватели на Instagram.
Не сакам да спијам како бебе. Сакам само да спијам како мојот сопруг.
Пред да имам деца бев толку себична што се туширав секој ден.
Ох, знаеш што е најдобро за моето дете? Не те прашав… ама благодарам.
Те молам покриј се додека доиш. Благодарам.
40. недела: Добро е што бременоста не трае 10 години.
39. недела: Ме прашуваш дали се породив? Повторно…
38. недела: Не знаеш колку луѓе ти се антипатични додека не дојде време да го крстиш бебето.
37. недела: Моментот кога сите твои пријатели го подготвуваат телото за лето, а ти си бремена и бебето сака мафин.
36. недела: Веќе се чувствувам уморно утре.
35. недела: Бебето ме натера да го изедам. Се колнам.
34. недела: Стојте подалеку, тука живее бремена гладна жена.
33. недела: Не ме прашувај зошто плачам, бидејќи ни сама не знам.
31. недела: Кога твојата девојка е бремена, не го јади последниот залак од ништо.
29. недела: Не сакам да се вратам назад со мислите и да си речам дека можев да го изедам тоа.
28. недела: Како да победиш во расправија? 1. Биди бремена; 2. Толку. Работата е завршена.
27. недела: Ништо не ме собира, морам да мочам и пар чорапи може да ме расплаче.
25. недела: Каде ми е чоколадото?