Живот и Стил

Мајка на четири деца покажува како бременоста го променила нејзиното тело

Мајка на четири деца покажува како бременоста го променила нејзиното тело

23 годишната Дорин Чинг доаѓа до Малезија и објави фотографија на социјалните мрежи од својот стомак, на која покажува како ѝ изгледа телото после 4 – то породување. Таа вели дека на овој потег се одлучила откако конечно успеала да го прифати своето тело и новиот излед, односно да се помири со фактот дека после бременост, ништо не може да изгледа како што било претходно.

На фотографијата се покажуваат длабоките стрии на стомакот на Дорин, а успеала да собере повеќе од 23.000 “лајкови”, но не биле сите воодушевени со таа глетка.

Додека поголемиот број на мајки споделиле слично искуство во коментарите, ѝ дале корисни совети, но меѓу нив биле и оние кои ѝ сугерирале дека таа е виновна за лузните, бидејќи сакала да има многу деца.

“Откако ја напуштив породилната сала, прво се погледнав во стомакот, а потоа започнав да плачам. Размислував како ќе го прифатам изгледот на својот стомак, кој ќе остане ваков до крајот на животот”, напишала Чинг под својата објава.

извор:точка.мк

To top