Легендарната македонска пејачка Маја Оџаклиевска која со децении живее и работи во Белград, ја омажи и помалата ќерка Андреа, а наскоро ќе стане и по втор пат баба. Андреа Оџаклијевска, помалата наследничка на Маја, која израсна во вистинска волшебна девојка што може да им парира на најпознати убавици се омажи за своето долгогодишно момче Милош Живковиќ во Белград.
Убавата Андреа која наследела многу работи од мама Маја, меѓу другото, широката насмевка и нејзиниот животен избраник најпрвин се заколнаа на вечна верност пред Бога, откако се венчаа во црквата Александар Невски во Белград, а потоа направија вистинска мала семејна веселба на отворено, во еден локал на брегот на реката Сава.
Откако го завршија венчалниот обред според познатите црковни православни обичаи, од пред божјиот храм младите беа дочекани и испратени со плех музика и трубачи, а зетот Милош, инаку роден брат на познатата српска манекенка Дејана Живковиќ, беше дарежлив и се потруди богато да ги „закити“ со крупни банкноти од српски динари и евра свирачите.
Иако заради корона пандемијата и пропишаните протоколи бројот на гости беше ограничен, присутните на свадбената веселба ги забавуваше бенд во живо, а не недостасуваа и сите останати салтанати – од масата за младоженците до невестинската торта на четири ката.
Свадбата кулминираше на стемнување со огномет за брачна среќа и бериќет на младоженците.
Гостите иако во редуциран број весели и расположени, зетот и невестата исто така разиграни и насмеани, а атмосверата на забавата својот врв го достигна кога мајката на невестата, односно бабата на зетот, нашата Маја Оџаклиевска се фати за микрофонот.
Таа онака во еден здив отпраши дел од познатиот репертоар на светски евергрини, покажувајќи дека се’ уште е во форма, а годините не се никаква пречка за старите мајстори.
View this post on Instagram
Но, дека не е само баба на зетот, се гледа од авион, зашто нејзината ќерка, односно невестата е во подзамината фаза на бременоста, па наскоро Маја по втор пат ќе стане баба и на уште едно внуче.
Имено, таа веќе го има внукот Лука од нејзината постара ќерка Теа, кој дојде на свет пред шест години, но за жал е дете со аутизам за кое најмногу се грижи самата Маја.
„Жртвував добар дел од мојата кариера да бидам постојано со моите ќерки. Ги носев насекаде, работејќи паралелно, но и избирајќи дестинации за да бидам со нив. Самохраните родители најдобро знаат колку е тешко да се одгледуваат деца без помош на баби, тетки и други роднини. Не велам дека роднините не помагаа, но најголемиот дел од товарот падна врз моите плеќи и тоа е многу тешко. Уште потешко е кога имате две деца. Одговорна е и физички напорна работа, ако сакате да биде сè како што треба“ – ќе рече Маја пред неколку години за српски „Блиц“.
Фото: Инстаграм принтскрин/andrea_odzaklijevska/mrs_dina_official