Радио Милева помалку е повеќе

Љупка Митрова модно издоминира на Скопски моден фестивал и покажа дека за силен впечаток не треба многу китење (фото)

Љупка Митрова модно издоминира на Скопски моден фестивал и покажа дека за силен впечаток не треба многу китење (фото)

Измината недела Скопје три дена ја славеше модата на третата сезона на Скопски моден фестивал кој се случуваше во еден ноќен клуб во Градскиот парк.

Модни ревии, уметнички перформанси, музички дел и гала забава, а се тоа проследено од бројна публика која секогаш има интерес за модни настани. Скопскиот моден фестивал беше прилика каде посетителите секогаш сакаат да се истакнат модно и да бидат видени , забележани, фотографирани.

Секој го избра најдоброто од својот плакар и во свој фазон се потруди да се вклопи во масата.

Меѓу гостите беше и познатата струмичанка, моделот и инфлуенсерка Љупка Митрова која за повеќето е позната како кумашинката на екс- премиерот Зоран Заев.

Љупка уште откако стана актуелна во домашните медиуми, деценија наназад, модно секогаш знаела да издоминира и да биде ултра впечатлива, па так и овој пат таа беше меѓу најстилските посетители.

Љупка покажа дека го приманува правилото помалку е повеќе и дека воопшто не е потребно китење за да се доминира. Нејзината комбинација се состоеше од црн едноставен деколтиран коктел фустан, а врз рамениците имаше црно сако.

Посебен печат за заокружување беа црно белите сандали со слатка мини панделка, како и белата чанта од брендот Елизабета Франчи и црно бели очила, додека од накит избра само масивен часовник и тенок  ѓердан. Шминката и фризурата исто така беа сведели на минимум со што Митрова се покажа во едно исклучително дамско светло кое беше моден полн погодок.

фото:Фејсбук/Љупка Митрова

To top