Истражување спроведено од Lelo UK се позанимава со откривањето каква е поврзаноста меѓу сексуалниот живот и изборот на занимање. Резултатите покажаа кои луѓе од различни професии имаат најбогат, а кои најсиромашен сексуален живот.
Во истражувањето учествувале 2.000 мажи и жени, а резултатите покажуваат дека најмногу секс имаат фармерите. Дури 33 проценти од нив изјавиле дека имаат сексуални односи најмалку еднаш на ден.
Веднаш зад нив се архитектите, од кои 21 процент има сексуални односи најмалку еднаш дневно, а трети на листата се фризерите со 17 проценти.
Лоши вести добиле од новинарите, секој петти анкетиран новинар тврди дека секс има еднаш месечно.
Не им е лесно ниту на адвокатите, кои се покажале како луѓе кои е најтешко да ги задоволите, дури 27% од нив признале дека глумат оргазам секој пат кога имаат секс.
„Во секоја професија постојат одредени сличности, но важно е да се земе во обѕир дека постојат бројни индивидуални разлики кои влијаат на човечката сексуалност. Секако, очекувавме дека ќе постојат некои трендови, на пример количината на физичка активност кај фармерите, за разлика од некој кој се занимава со канцелариска работа, што влијае на количината на физичка подготвеност и енергија. Факторите на животниот стил кои работата ни ги наметнува имаат големо влијание не само на сексуалните аспекти на нашите животи туку општо и на квалитетот на живеење“, вели Кејт Мојл од Lelo UK.
извор: кајгана