Љубов и Секс

Луѓето кои изневеруваат најмногу го сакаат овој вид на секс

Луѓето кои изневеруваат најмногу го сакаат овој вид на секс

Анкета спроведена од сајтот „VictoriaMilan“, мрежа за поврзување луѓе кои се во брак и врска, откри дека оралниот секс е многу важен за луѓето кои ги изневеруваат своите партнери.

Сајтот, наменет за мажени и женети и оние во врска, ги праша корисниците кои се нивните приоритети кога станува збор за сексуалниот однос.

Според резултатите, оние кои не се љубители на оралниот секс ќе мора да се потрудат да најдат друг љубовен партнер, бидејќи 65% од жените и 68% од мажите воопшто не би размислувале за друга врска односно измама, без практикување орален секс.

Повеќето од нив сметаат дека оралниот секс е многу важен дел од каква било сексуална активност во врската. Па така, 72% од жените и 85% од мажите се изјасниле дека местото на оралниот секс му е во креветот.

Меѓу мажите, орален секс најмногу сакаат Шпанците (80%), Британците (79%) и Французите (76%), додека меѓу жените најзастапени се Шпанките (84%), Французинките (83%) и Британките (82%).

Извор:Кајгана.мк

To top