Ќерката на Сузана Турунџиева, Лора Турунџиева и нејзиниот сопруг Филип Наунов станаа родители на нивното прво дете односно синче.
Имено, радосните вести на социјалнте мрежи ги сподели самата Лора, како и нејзината мајка која е пресреќна баба. По објавите се нижеа честитки за приновата и новиот член на семејството.
За жеснки магазин, Сузана истакна дека Лора била храбара и со болките се борела 20 часа.
„Лора е голем херој, борец. Таа е похрабра и од мене. Дваесет часа издржа големи болки, сите ние 20 часа бевме на нозе и до самиот крај беше упорна да се породи природно. На крајот, сепак мораше да ја оперираат, и се породи со царски рез“ вели Сузана.
Таа исто така истакна дека зетот цело време бил покрај Лора и давал поддршка. Лора и Филип одлучија нивното синче да се вика Јаков.
Лора ја напушти болницата, а на социјалните мрежи објави заедничка фотографија со сопругот и бебето.
За потсетување, Лора и Филип се венчаа претходното лето во август во еден скопски ресторан.