Често се советува дека колегите на работно место не треба да се впуштаат во љубовни врски и афери бидејќи тоа би можело да доведе до низа непријатни ситуации како што напредува врската, а во случај на врска меѓу надреден и вработен да дојде и до правни последици.
Едно неодамнешно истражување покажа дека романсата на работно место сѐ почесто станува табу тема.
Истражувањето покажува дека речиси 80% од експертите за меѓучовечки односи сметаат дека емотивните врски во работната средина во последно време стануваат сѐ помалку прифатливи.
Интересен е податокот дека една од 20 компании во Велика Британија има конкретно нагласено дека дека се забранети љубовни врски меѓу вработените, објави Independent.
Меѓутоа, истражувачите дојдоа до зачудувачки податоци дека половина од вкупниот број вработени имале врска или афера со колега или колешка на работното место. Речиси три четвртини од нив го криеле тоа од својот шеф или друг надреден во компанијата.
Врските на работно место стануваат табу тема најчесто бидејќи луѓето стравуваат дека колегите или надредените ќе ги гледаат и оценуваат поинаку, дека во случај на раскинување ќе бидат жртва на уцена или дека во случај еден од нив да напредува на работното место, другиот ќе биде ставен „под лупа“.