Секоја емотивна врска е различна и во секоја има мали златни врски кои ја зацврстуваат. Сигурни сме дека барем еднаш во животот сте се запрашале „која е тајната на нивната љубов“, а точниот одговор лежи онаму каде што никогаш не би го барале – во ситниците.
Најсреќните парови се оние кои имаат свои мали тајни и ритуали кои ја прават нивната врска успешна.
Доколку сакате вашата врска со партнерот да биде постабилна и посилна, обидете се да ги примените ритуалите кои ги имаат речиси сите среќни парови.
1. Секогаш си легнуваат во исто време
Многу парови не се гледаат многу во текот на денот и згора на тоа си легнуваат во различни периоди. Според заљубените експерти, но и според искуствата на паровите, оние кои се во среќна врска секогаш си легнуваат во исто време.
На тој начин тие ја задржуваат топлината и интимноста на нивната врска.
2. Мора да бидат сами барем половина час дневно
Без разлика на обврските околу децата, домот или работата, среќните парови секогаш имаат време само за нив двајца. Важно е да поминете време сами со партнерот за да откриете дали нешто го мачи, дали е се во ред на работа, но и за да може да ве сослуша.
3. Знаат колку е важно да се каже „те сакам“
Можеби сè уште не сте во фазата „те сакам“ во врската, но ако сте, „те сакам“ може многу да значи. Кажете му на партнерот дека го сакате пред да ја прекинете слушалката, да одите на работа, да излезете или пред спиење.
Времето е драгоцено, а животот е краток – секогаш кажувајте им на оние што ги сакате.
извор: попара.мк