Никогаш не е доволно од работа на емотивните односи! Постојат неколку начини да работите на својата врска, а доколку покрај себе имате личност за која вреди да вложите труд, тогаш задолжително дајте сè од себе за развој на таа врска.
Поставете заеднички цели
Без разлика дали се работи за професионално усовршување или некакви меѓусебни интереси, многу е важно секогаш да имате заеднички цели. Ова е идеален начин да се зближите и да стекнете меѓусебна доверба.
Не ја занемарувајте важноста на допирот
Во долгите врски, едноставно некогаш недостасува страст. Повеќе не се држите за раце, не разменувате бакнежи на поминување и филмовите ги гледате такашто секој е на својата страна од креветот. Тоа никако не смеете да го дозволите! Страста е многу важен дел од врската и мора да се потрудите да дадете сè од себе за повторно да ја разбудите.
Потрудете се да го допрете и бакнете партнерот кога и да ви се укаже прилика за тоа. Едноставно, направете нешто со што ќе му ја разбудите страста. Врската која е долга и сериозна, бара константно вложување и затоа работете на вашиот однос, за емоциите секогаш да се присутни и љубовта долго да трае.
извор: точка.мк