Дознајте кои знаци не се компатибилни, но имајте на ум дека ова сепак се само астролошки претпоставки.
Овен – најлошо се сложува со Рак и Јарец
Овенот е екстровертен знак, многу енергичен и експлозивен. Затоа не е чудно што најмалку се сложува со конзервативните знаци како интровертните Рак и Јарец.
Бик – најлошо се сложува со Лав и Водолија
Бикот е традиционален и цврсто стои на земја додека Лавовите и Водолиите се исклучително слободоумни луѓе кои за разлика од Бикот, животниот ред и правилата не им значат многу.
Близнаци – најлошо се сложуваат со Девица и со Риба
Близнаците се нестабилен знак кој обожува промени и возбуди додека Девиците и Рибите се чиста спротивност. Тие сакаат ред, сигурност и мирен живот. Тешко успеваат заедно, иако Близнаците можат да бидат привлечени од остроумноста на Девиците и мирната природа на Рибите.
Рак – најлошо му оди со Овен и со Вага
Ракот бара стабилност, а врската со Овен или Вага може да биде нестабилна. Овенот е темпераментен и незапирлив, а Вагата често бара разноликост па Ракот нема да се чувствува баш најудобно со нив.
Лав – најлошо му оди со Бик и со Скорпија
Лавот и Бикот не се слагаат бидејќи и двата знаци се многу тврдоглави и навикнати да го добиваат тоа што го сакаат. Скорпијата, пак, има многу цврста волја поради што доаѓа во конфликт со Лавот. Овие два знаци не си одговараат бидејќи се премногу слични.
Девица – најлошо се сложува со Близнаци и Стрелец
Кога е во врска со Близнаци, Девицата често се чувствува фрустрирано. Близнаците обично размислуваат општо, додека Девиците повеќе се заинтересирани за специфични детали. Истото важи и за комбинацијата со Стрелец.
Вага – најлошо им оди со Рак и со Јарец
Вагите се многу друштвени и за нив упорните Јарци можат да идат премногу напорни, додека не им одговара преданоста на Ракот кон рутината и домашниот живот.
Скорпија – најлошо се сложува со Лав и со Водолија
На Лавот Скорпијата на почеток може да му изгледа како сродна душа бидејќи и двата знаци се многу силни, но токму поради тоа тешко функционираат заедно. Со Водолијата има заедничка тврдоглавост што е исто така причина за несогласување.
Стрелец – најлошо му оди со Девица и Риби
Стрелецот ќе најде заеднички работи со Девица или Риби, но кога се ќе се собере заедно, не се најдобар пар. Додека Стрелецот кон се пристапува со ентузијазам и сака авантури, Рибите се често неодлучни поради што овие два знаци најтешко наоѓаат заеднички јазик.
Јарец – најлош пар е со Овен и со Вага
Јарците сакаат се да прават смирено, додека Овенот е импулсивен и носи одлуки на брзина, без претходно да размисли. Над Вагата, Јарецот тешко ќе може да има контрола.
Водолија – најлошо му оди со Бик и со Скорпија
Слободоумната Водолија се фрустрира од крутата ставови на Бикот. И Водолијата и Скорпијата секогаш имаат силно лично мислење за се и двата знаци сакаат да бидат во право.
Риби – најлошо им оди со Близнаци и со Стрелец
За Рибите тешко е да го разберат размислувањето на Близнаците, кои многу сакаат да зборуваат. Ентузијазмот на Стрелците и потребата постојано нешто ново да пробуваат ги избезумува мирните Риби.
извор: Кајгана