Во кој хороскопски знак се родени најлошите љубовни партнери на Рибите?
Риби и Близнаци
Овој љубовен однос може да биде многу комплициран. Близнаците се многу нестабилни, а тоа им пречи на Рибите. На Близнаците им пречи тоа што Рибите се многу чувствителни, тие сметаат дека треба да се опуштат и да продолжат понатаму.
Риби и Лав
Емотивноста на Рибите им оди на живци на родените во хороскопскиот знак Лав. Тие се ранливи, срамежливи и повлечени, додека Лавот е дрзок, доминантен и горделив, па затоа се лош пар.
Риби и Стрелец
Стрелецот е премногу искрен, а тоа може да ја повреди чувствителната Риба, додека таа него го фрустирира со нејзината неодлучност. Оваа врска може да успее, но потребно е да имаат компромис и да се прифатат какви што се.
Риби и Овен
Во оваа врска Овнот ќе ги носи тешките одлуки и ќе се справува со тешките проблеми, а Рибата ќе очекува позитивни резултати. Оваа врска е комплицирана, бидејќи Овнот е импулсивен, а Рибата е смирена и емотивна.
извор: Кајгана