Радио Милева Двигател на се'

Љубов и инспирација: Елена Миленковска ги живее најубавите денови за кои не може да не се пофали (фото)

Љубов и инспирација: Елена Миленковска ги живее најубавите денови за кои не може да не се пофали (фото)

Пред неполн месец македонската пејачка со српска адреса, Елена Миленковска и нејзиниот сопруг и колега, Гуте Маринковиќ станаа родители по вторпат. Елена се породи со здраво и живо ќенско бебе кое уште пред излегувањето од утробата на мајка си го доби името Миона.

Сега малата наследничка е во рацете на мама, тато и бато Максим, а на семејната среќа и нема крај.

За разлика од претходно, Елена сега не е така активна на социјалните мрежи и разбирливо, мајчинските обврски сега се дуплирани, особено поголеми се кон Миона која ги живее деновите кога мама и е најпотребна.

Како мајка која е позната личност, Елена се почесто добива понуди од разни брендови за бебешка опрема, па не ретко од нејзините најнови објави може да се види дека им сугерира на мајките со препораки што таа користи.

Миона си расте и напредува, а мама и тато ја гледааат како капка вода на дланка. Овие среќни моменти Елена не се штеди да ги покаже, а за нив пишува:

-Сила и љубов. Мотив и инспирација. Двигател на сè, гласи описот на Миленковска.

И разбирливо, децата сега се центарот на нивниот универзум, а оние поискусните ќе кажат дека без оглед на возраста, односно колку и да пораснеле, за родителите, децата секогаш остануваат деца!

фото:Инстаграм/Елена Миленковска

To top