Има тенка линија помеѓу додворувањето и љубезноста, а еве како можете да ја препознаете.
Сигурно сите барем еднаш во животот сме сретнале личност чие однесување ни останало голема мистерија. И додека мажите се навикнати да велат дека жените се комплицирани, а жените велат дека мажите се комплицирани, вистината е дека сите си имаме свои „бубачки“, а некои се дури и заеднички.
Додворувањето одамна е составен дел од комуникацијата, но кога се граничи со љубезност, линијата е многу тенка.
Некои од нас се природно пољубезни и подружељубиви, па често се случува ова да биде толкувано како додворување. Сепак, постојат работи кои, колку и да се трудиме да ја скриеме вистината, нѐ издаваат.
„Случајни“ допири
Ако личноста со која комуницирате не ја пропушти можноста да ве фати за рака, да ве допре за рамото или да биде во ваша близина, голема е веројатноста да се интересира за вас. Исто така, ако забележите дека прегратката е малку подолга од вообичаеното за пријатели, тоа е знак дека сака нешто повеќе.
Очите се огледало на душата
Интензивниот поглед е еден од најсигурните знаци дека не се работи за пријателска љубезност, туку за додворување. Исто така, ако фатите како таа личност ве гледа со аголот на окото, дури и кога сте во големо друштво, сосема е јасно за што се работи.
Специфични прашања
Личноста која е заинтересирана за вас има одредена цел која прави разлика помеѓу пријателска љубезност и додворување. Пријателските разговори се опуштени, а кога се додворуваме се трудиме подобро да ја запознаеме личноста и да се зближиме со неа.
Обидете се да споредите како личноста се однесува со другите
Набљудувајте го однесувањето на таа личност кон другите луѓе. Ова е еден од најголемите показатели за тоа дали некоја личност е пријателска кон вас или сака нешто повеќе. Ако прави работи со вас што не ги практикува со другите, нема сомнеж дека има повеќе од пријателство.
Комплименти, комплименти
Понекогаш комплиментите не мора да значат додворување, тие се одраз на добрина. Но, обрнете внимание на комплиментите што ви ги дава личноста. Ако се од типот „Убави ти се фустанот, фризурата“ и слично, тогаш најверојатно се работи за љубезност. Исто така, обидете се да забележите дали личноста инаку е склона кон давање комплименти.
Доколку сте препознале некои од овие знаци кај себе или кај засегнатата личност, можеби е време да го преиспитате односот со неа, но и чувствата.
извор: кајгана