Сексот за една вечер е исклучително полезен за машката, но и женската самодоверба, тврдат присхолозите.
Порано се веруваше дека случајниот полов контакт може само да демотивира и да предизвика депресивно однесување, но научниците од Њујорк имаат друга теорија, а и докази.
Имено, тие поканиле мажи и жени по случаен избор кои требало да водат дневник во следните 12 недели. Во него требало да ги пзаишуваат своите расположенија, опишувајќи ги највисоките моменти на среќа, како и најтажните. Каков бил резултатот?
Речиси сите што имале секс за една ноќ го поставиле своето расположение на највисока точка.
Високата сексуалност и случајниот секс дејствуваат како бариера против негативните емоции, депресија и фобии. Уште поголемо изненадување е тоа што нема значителна разлика помеѓу половите. Точно така, и кај жените се забележува истата позитивна промнена на расположението. И каков е заклучокот? Сексот за една вечер, секако со заштита, може да биде особено полезен!
извор:нетпрес.ком.мк