Според она што го објавува на социјалните мрежи, нашата балканска убавица, Кристина Димитриевска, никако не мирува.
Ако не е во теретана, тогаш е на некоја ревија, фотосесија, снимање спот…Но, изминатиот викенд имаше нешто многу поважно од сето тоа – роденденот на синчето Давид кое наполни три години и веќе е потпораснато детенце.
Мама Кристина со своите следбеници сподели неколку фотографии од овој важен ден, но не откри дали на роденденот бил и тато Даниел.
Меѓу многуте фотографии Кристина сподели и една неочекувана фотографија и со тоа откри од кого ја наследила убавината.
-Мојата мајка, пишува Кристина во обисот на фотографијата каде позира убавата мама.
-Крушата под круша паѓа, глади еден од коментарите кои осамнаа под објавата.
Инаку, од своите модни ангажмани, Кристина последно беше модел на Саемот нза венчавки каде носеше раскошна венчаница на италијанскиот бренд Моника Лорети.