Лице в Лице враќање на корените

Кристијан Рахимовски: „Многу го сакам татко ми, од него пееше македонското срце кое чука и во мене“ (ВИДЕО)

Кристијан Рахимовски: „Многу го сакам татко ми, од него пееше македонското срце кое чука и во мене“ (ВИДЕО)

Кристијан Рахимовски, синот на неодамна починатиот пејач Аки Рахимовски,  само неколку дена по последното испраќање на својот татко, допатува во Македонија. Штом стапна на скопскиот аеродром како што самиот рече, пристигнал во земјата на неговото потекло, во татковината на неговиот татко, Аки: „Боже јас си дојдов дома, во земјата на мојот татко“!

Дојде за да ја посети неговата тешко болна баба, за која неговиот татко Аки толку се грижеше до последниот ден од својот живот, но  и да го запознае поблиското и пошироко семејство, Скопје и Македонија, во кои неговиот татко израсна и ја започна својата музичка афирмација.

Кристијан одлучи да го посети и Крушево, да се поклони пред гробот на македонската музичка икона Тоше Проески кого Аки исклучително го ценеше и со него некоку пати соработуваше и да се запознае со животот на музичката ѕвезда преку прошетка во спомен куќата „Тодор Проески“.

Естрадниот магазин „Бекстејџ“ се обиде преку разговорот со него да дознае дали Кристијан со доаѓањето во Македонија веднаш по  погребот, успеа да го пронајде мирот по загубата на неговиот татко Аки, како и многу други нешта за неговиот приватен живот, односот и релациите со татко му и семејството, професионалните ангажмани, музиката…!

Погледнете ја и слушнете исповедта на Кристијан Рахимовски пред објективот на камерата на „магазинот од зад сцената“:

To top