Љубов и Секс

Крај на љубовта: Зошто одеднаш престануваме да го сакаме партнерот?

Крај на љубовта: Зошто одеднаш престануваме да го сакаме партнерот?

ЗЕМАЊЕ ЗДРАВО ЗА ГОТОВО. Љубовта не е безусловна иако така не учеле, па партнерите често поради оваа мисла паѓаат во замка. Премногу се опуштаат еден пред друг, а тоа е сигурен пат до нељубезноста и непочитувањето. Тоа е правиот пат до исчезнувањето на љубовта.

“ИСЧЕЗНАТА” КОМУНИКАЦИЈА. Добрата комуникација го изградува односот, а недостигот го нарушува. Ако сте престанале да комуницирате, желбите и потребите ќе останат неискажани. И љубовта тогаш почнува да умира.

НЕИСПОЛНЕТИ ОЧЕКУВАЊА. Како врската повеќе напредува, партнерите се помалку посветуваат внимание на желбите и потребите на партнерот и престануваат да им се прилагодуваат.

ЉУБОМОРА. Доколку партенорт не и верува на личноста со која е во врска, се јавува чувство на љубомора кое е невозможно да се задржи само за себе. Кога љубомората ќе стане опсесија, исчезнува основата на интимен и здрав однос.

НЕКОМПАТИБИЛНОСТ НА ПАРТНЕРИТЕ. Вредностите, приоритетите и плановите за иднината може да се разликуваат, а кога партнерот еднаш ќе ја стекне правата слика за другата страна која можеби не му одговара во потполност, огнот многу брзо може да се изгаси.

ГОЛЕМА ПРОМЕНА. Животните прекретници кои влијаат на партнерите не мораат со сигурност да бидат причина за расправии, меѓутоа доколку партнерите не успеат заедно да “растат”, да ги решаваат проблемите или да им се прилагодат, лесно можат да се скршат.

НИ ТРАГ ОД ЉУБОВТА. Многу парови ја започнуваат врската преплавени од страста, меѓутоа, тоа не е љубов. Кога се ќе спласне, останува чувството на празнина и незадоволство.

извор:боза.мк

To top