Живот и Стил

Кошмар од свадба во Азија: Им зеле сѐ што имаат, дури и потврдата за брак

Кошмар од свадба во Азија: Им зеле сѐ што имаат, дури и потврдата за брак

Неколку часа по венчавката, Џејми Принс и нејзиниот сопруг Пол Кирван (29) доживеале вистински шок. Имено, сите подароци кои ги добиле на свадбата, плус БМВ-то на момчето, им биле украдени.

Освен тоа, украдени им биле сите пари кои сакале да ги потрошат на медениот месец во југоисточна Азија, но и потврдата за брак.

Двојката се венчала во изнајмен луксузен имот во градот Селби, Англија, па при првата брачна ноќ, се случил немилиот настан.

– Бевме одушевени од денот на свадбата, но потоа не известија за кражбата и провалувањето во три простории на имотот. Никој повеќе не размислуваше за венчањето, туку само за штетата – раскажува невестата.

– Ги замоливме луѓето присутни на венчавката да ни дадат малку пари за меден месец и тие ставаа колку што можеа во металното заклучено ковчеже. Внатре имаше сигурно 1.000 фунти – додава таа.

Крадците ги украле и сите инструменти на бендот што свирел на свеченоста, а во кој член бил и братот на невестата. Полициската истрага е во тек.

извор: Плусинфо

To top